Заев: Излегуваме од кризата, Избори во првиот момент

 Breaking News

Заев: Излегуваме од кризата, Избори во првиот момент

Заев: Излегуваме од кризата, Избори во првиот момент
May 18
08:49 2020

Неопходни се избори во првиот можен момент, како што препорачуават здравствените власти излегуваме од здравствената криза, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за ТВ Сител.

Тој се надева дека ќе постигнат договор со опозицијата на лидерската средба.

Заев вели: Не верувам дека нема. Секојпат консензуално се одлучувало за датумот за изборите. Ако опозицијата има аргументи, ги стави на маса и се издржани, ќе ги прифатиме и никако нема да стоиме на роковите од 21 или 28 јуни, рече Заев.

Како што вели Заев, нема ултиматум за датумот за избори, сака заеднички договор и како што вели, да бидеме разумни и одговорни затоа што мора да научиме да живееме со кр зата додека не се најде вак цина.

Го повтори ставот на партијата дека избори се неопходни во првиот можен рок по намалување на интензитетот на коронавирусот.

Сега кога излегуваме од оваа здравствената криза треба да се оди на избори, и затоа СДСМ е на став дека првиот пригоден момент треба да се оди на избори.

Во јули веќе ќе бидат отворени границите и нашата национална стратегија ќе биде меѓународна кога ќе се отворени граници, жешко е.. Ризикот од за раза е уште поголем од есен, кога ќе се отворат училиштата, сите други колективни објекти ќе функционираат. Затоа стоиме на став дека најбрзиот можен момент доколку го гарантираат здравствените власти, тие така и го препорачуваат, треба да го фатиме и да одиме на избори, истакна Заев.

Related Articles