Заев: Изборите се решение, а не проблем, мора да одиме на избори 22 дена по завршувањето на в.состојба

 Breaking News

Заев: Изборите се решение, а не проблем, мора да одиме на избори 22 дена по завршувањето на в.состојба

Заев: Изборите се решение, а не проблем, мора да одиме на избори 22 дена по завршувањето на в.состојба
May 26
07:06 2020

Секое одложување на изборите е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата.

Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, вели Заев во интервју за МКД.

Не е голема визија или одговорност ако 100 пати повториш дравјето пред сè.

Многу поголема одговорност е да зборуваш за здравјето додека им помагаш на граѓаните, додека соопштуваш факти и точни бројки дури и кога тие не се поволни, да се воздржиш од ширење нев истини, да работиш на економски мерки што ја креваат потрошувачката и да не дозволиш вонредната состојба да ја загрози демократијата.

Оттука, лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат.

Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои и самите подолг период ги бараа и за кои заеднички се договоривме да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија.

Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно со законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжуваат и изборните активности.

Заев во интервјуто додава дека: Договор за датумот на изборите теоретски може да се постигне до истекот на вонредната состојба на 30 мај.

По сила на законот, изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба.

Доколку не се постигне договор, сите политички партии знаат дека течат законските рокови и по завршувањето на вонредната состојба, во законскиот рок од 22 дена мора да одиме на избори.

Се разбира, секое одолжување е на штета на здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на штета на демократијата – ние вакви штети нема да дозволиме, преголеми одолжувања не се прифатливи.

Заев на фесјбук пишува: Прочитајте го моето интервју за mkd.mk на следниот линк.

Related Articles