Заев: За 2 години платите се покачија за 2300 денари, очекуваме да дојдеме многу блиску до 30000 денари просечна плата

 Breaking News

November 26
21:06 2019

Премиерот Зоран Заев напиша фејсбук статус за платите во државава, во продолжение неговиот статус: Џабе се нови работни места, ако не се добро платени.

Спиралата за раст на платите ја отворивме уште во август 2017 година, со првото покачување на минималната плата, кога ја израмнивме за сите на 12.000 денари.

Сега, со новото покачување на минималната плата на 14.500 денари, заедно со субвенционирањето на придонесите за работодавците кои ќе ги покачат платите до 100 евра, очекуваме да дојдеме многу блиску до 30.000 денари просечна плата.

Ако порано платите растеле по само 800 денари за 2 години, сега за 2 години платите се покачија за 2.300 денари и ќе продолжат да растат уште многу повеќе. Ова го правиме за работниците да се мотивирани и добро платени, за младите да ни останат дома.

Related Articles