Заев за германски весник тврди: Груевски избегал од земјава криејќи се во багажник

 Breaking News

Заев за германски весник тврди: Груевски избегал од земјава криејќи се во багажник

Заев за германски весник тврди: Груевски избегал од земјава криејќи се во багажник
June 14
18:26 2019

Поранешниот премиер Никола Груевски избегал од земјава криејќи се во багажник, тврди премиерот Зоран Заев во интервју за германскиот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг. Шефот на македонската влада за весникот по првпат изнесува детали од бегството на Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.

Знаеме како Груевски избега од земјата, тврди македонскиот премиер Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг каде за прв пат открива детали од бегството на екс премиерот од земјава, пренесе Дојче веле.

Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило, тврди премиерот Заев

За првпат еден носител на висока политичка функција во земјата излегува со тврдење и дека Груевски бил пречекан од унгарски дипломати уште на самата граница.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles