Заев: Економијата блеска со параметрите коишто се на повидок на јавноста

 Breaking News

Заев: Економијата блеска со параметрите коишто се на повидок на јавноста

Заев: Економијата блеска со параметрите коишто се на повидок на јавноста
August 31
10:11 2019

Економијата расте со параметрите коишто се на повидок на јавноста: има раст на БДП од 4,1%; 5% е намалена невработеноста и сега е 17,8%; индустријата расте над 8%; приходите во Буџетот се зголемени за повеќе од 10% од лани. Странските инвестиции се највисоки од било кога, од осамостојувањето на нашата држава. 625 милиони евра странски инвестиции имавме лани и годинава продолжува трендот. Тоа е доказ дека економијата живее! И економијата блеска секогаш кога земјите се интегрирале во НАТО и во ЕУ и кога економските политики на Владата давале резултати, исто како и кај нас. – напиша Заев на својата фејсбук страница.

Related Articles