Заев: До 2024 година ќе ги реконструираме сите студентски домови и ќе го подобриме квалитетот на исхраната

 Breaking News

June 27
09:42 2020

Младите се креатори на нашата македонска и европска иднина. Заедно градиме општество на еднакви шанси и можности за сите, напиша Заев на својата фејсбук страница.

Подготвивме понуда креирана со млади луѓе кои сакаат својата иднина тука да ја гледаат:

До 2024 година ќе ги реконструираме сите студентски домови и двојно ќе го подобриме квалитетот на исхраната.

Отвораме младински центри во сите 80 општини, за уште поголемо учество на младите во носењето одлуки и креирањето политики.

Но она што е најважно за вас младите – обезбедуваме европски стандарди дома. Со членството во НАТО и со отворањето на поглавјата со ЕУ, ја носиме Европа дома, обезбедуваме еднакви услови, какви што имаат вашите врсници во западниот свет, пишува Заев на својата страница, каде објави и фотографии.

Related Articles