Заев денеска: Новите случаи се поради Чулев и неговиот шеф Мицкоски

 Breaking News

Заев денеска: Новите случаи се поради Чулев и неговиот шеф Мицкоски

Заев денеска: Новите случаи се поради Чулев и неговиот шеф Мицкоски
May 29
17:31 2020

Денеска се огласи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев за новонастанатата состојба во државава, во продолжение неговиот фејсбук статус интегрално:

Бројките на новозаб олени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски.

Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се каз нуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки и задолженија.

Јавноста во бројни наврати беше сведок на масовни прекршувања на забраната за движење, забраната за групирање, непочитување на задолжително носење заштита опрема, а полицијата предводена од Чулев не преземаше ништо.

Чулев и Мицкоски немаат никаква почит ниту кон здравствените работници, ниту кон експертите од Комисијата за ЗБ.

Наместо да ја поддржат работата на Комисијата, тие бараат нејзино разрешување и со тоа истураат партиски бои врз епидемио логијата и сакаат да ги остават граѓаните на цедило.

Денеска, стигнува сметката од таквото несовесно, незрело и неодговорно однесување на Чулев кој по диктат на Мицкоски не презема ништо за да се санкц ионираат оние кои не ги почитуваат мерките и задолженијата.

Мицкоски и Чулев се олицетворение на неодговорноста кои се водат од позицијата колку им е полошо на граѓаните, толку е подобро за нивната пар тија.

Таквото антинародно и антидржавно однесување мора да запре, Чулев мора веднаш да поднесе оставка затоа што свесно го заг позува јавното здравје и свесно поттикнува неза конско постапување.

Македонската полиција и македонските граѓани треба час поскоро да се ослободат од неодговорното однесување на Наќе Чулев – Напиша Зоран Заев на својата фејсбук страница.

Related Articles