Заев вели дека можно е Камчев да го снимал ако снимал секаде

 Breaking News

Заев вели дека можно е Камчев да го снимал ако снимал секаде

Заев вели дека можно е Камчев да го снимал ако снимал секаде
September 07
14:17 2019

Во интервју на премиерот Зоран Заев за неделникот Фокус, тој не ја исклучува можноста бизнисменот Орце Камчев да го снимал и него лично како што тоа го сторил и со останатите.

На прашање дали постои можност Камчев кога го посетил во кабинетот за да го приjaви pekeтот од Боки 13 да вршел снимање, премиерот не ја отфрла таквата опција:

Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци, вели Заев кој знае дека во неговиот кабинет се поставени апарати кои можат да идентификуваат дали во просторијата се наоѓаат уреди за снимање.

Заев не открива дали е можно да се снимени и телефонските разговори што ги имал со бизнисменот Орце Камчев и дали во нив има пикантерии кои можат да се најдат пред пошироката јавност.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles