Заев: Август ќе составиме нова влада, Мицкоски е аутсајдер, ќе коалицираме со пapтии кои се за европски концепт

 Breaking News

Заев: Август ќе составиме нова влада, Мицкоски е аутсајдер, ќе коалицираме со пapтии кои се за европски концепт

Заев: Август ќе составиме нова влада, Мицкоски е аутсајдер, ќе коалицираме со пapтии кои се за европски концепт
July 21
13:20 2020

Заев ветува дека во август ќе биде заокружи изборниот процес и ќе бидат ставени во функција новото Собрание и новата Влада, а наесен веќе ќе има целосно активни институции.

Тоа што јас имам неколку слободни денови не значи дека партијата и Владата не функционираат или дека не следиме што се случува или дека не ги движиме процесите.

Процесот на преговори за формирање нов состав на владата ќе почне веднаш по илинденските празници. Бројките се јасни, СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овие избори обезбедија најмногу пратенички места, кристално чисто е кој го има мандатот, вели во интервјуто за А1он, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

За него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се „аутсајдери“ и според него, тие на предвремените парламентарни избори покажале дека имаат сериозни проблеми и дека се „заробени од груевизмот“.

За жал Мицкоски повторно покажа дека нема никаква ниту политичка култура, ниту пак има капацитет достоинствено да прими пораз. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на овие избори доживеаја јасен и недвосмислен пораз на фер и демократски изборен натпревар.

Исто како и за локалните и за претседателските избори, така и сега кукавички се сокри во белата палата. На овие избори дури немаше храброст вечерта да излезе на прес-конференција и да го каже ставот за изборниот ден. Тоа само зборува за неговиот демократски капацитет, за неговиот вредносен потенцијал, но и за неговата општа култура.

Мицкоски е аутсајдер, a ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори покажа дека има сериозен проблем и дека е заробена од груевизмот.

Јас веќе реков, можам да разговарам само со оние кои недосвосмислено ќе потврдат и покажат дека ги напуштиле режимските политики, дека го поддржуваат патот напред по кој води СДСМ, оние кои се во исто време и за НАТО и ЕУ, и за економија и правда, и за едно задничко општество – кажа Заев, пишува Прес24.

Во однос на ниската излезност на граѓаните на изборите, Заев тврди дека за тоа има три причини: стравот од коронавирусот, времето на нивното одржување (сред лето) и црната кампања што ја водело ВМРО-ДПМНЕ.

Јас сум тука, дојдов на неколку дена во Струмица и на неколку места низ државата. Сметам дека ова намалување на интензитетот на партиска и политичка комуникација во јавност е добредојден за граѓаните, после интензивната изборна кампања.

Процесот на конституирање на Собранието и формирањето на новата Влада ќе се случат во рамки на законските рокови, а тоа значи дека пред есента државта ќе има целосно функционални институции.

Имајте предвид дека се уште трае периодот на приговори до ДИК и жалби до Управен суд. После тоа следува верификација на мандатите на пратениците, конституирање на Собранието, после што претседателот има 10 дена да го додели мандатот, а мандатарот после тоа во рок од 20 треба да состави предлог за Влада.

Август ќе биде изразено активен политички месец кога Северна Македонија ќе го заокружи изборниот процес и ќе ги стави во функција новото Собрание и новата Влада – заклучи Заев. ИзворПрес24.

Related Articles