ЕУ одлучи: Границите затворени до 15 јуни

 Breaking News

ЕУ одлучи: Границите затворени до 15 јуни

ЕУ одлучи: Границите затворени до 15 јуни
May 09
08:05 2020

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ и Шенгенската зона на уште 30 дена да го продолжат привременото ограничување на патувањата во земјите членки, јавува мкд.мк.

Ограничувањето се однесува на сите патувања на граѓани на трети земји кои не се од суштинско значење, а се применува на надворешните граници на ЕУ опфаќајќи ги и земјите од Шенген зоната кои се надвор од ЕУ (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија).

Комисијата порача дека, без оглед на првичните чекори на државите членки на ЕУ за попуштање на мерките против ширењето на ковид-19, „ситуацијата е и понатаму кревка и во Европа и низ светот.

Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон повтори дека е потребен координиран и постепен пристап за функционирање на шенгенскиот безвизен простор.

Ограничувањата кои се однесуваат на слободното движење и контролата на внатрешните граници ќе мора постепено да се укинат пред да ги отстраниме ограничувањата на надворешните граници и да им обезбедиме пристап на граѓаните кои не доаѓаат од ЕУ, порача Јохансон.

Европската комисија во рамки не мерките за сопирање на ширењето на вирусот на 16 март за првпат ги повика членките на ЕУ и Шенгенската зона да воведат привремено ограничување за влегување за сите патувања кои не се од суштинско значење.

Оваа мерка беше продолжена на 8 април за уште 30 дена. Извор мкд.мк.

Related Articles