Еве кој е Кастриот Реџепи, пратеникот кој го бараат сите вечерва

 Breaking News

Еве кој е Кастриот Реџепи, пратеникот кој го бараат сите вечерва

Еве кој е Кастриот Реџепи, пратеникот кој го бараат сите вечерва
November 11
22:07 2021

КАСТРИОТ РЕЏЕПИ – Член на Движење Беса. Роден на 29.4.1968 во Скопје. Албанец.

Дипломиран економист по бизнис администрација, Универзитет на Југоистоична Европа УЈЕЛ – Тетово. 

Активности во Собранието: Комитет за односи меѓу заедниците, член

Буџетски совет на Собранието, член

Комисија за култура, претседател

Комисија за надворешна политика, член

Комисија за образование, наука и спорт, член

Комисија за финансирање и буџет, член

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), член

Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, претседател

Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член

Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член

Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член

Извор Собрание на РС Македонија, фото фб.

Related Articles