Еве кој е Арбер Адеми, роден во селото Опае, Липково, со 9.85 просек магистрирал во Тетовскиот Универзитет, има положено правосуден и нотарски испит

Арбер Адеми (25 септември 1985, Липково) – поранешен министер за Министерство за образование и наука на Македонија и пратеник во Собранието.
Адеми е роден во 1985 во селото Опае, Липково, и е доктор по правни науки.
Докторски студии завршил на Правниот факултет на Универзитет во Тирана – Албанија, со дисертацијата
Решавање на трговски спорови пред меѓународна трговска арбитража“.
Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.
Има положено правосуден и нотарски испит.
Од 2010 година е професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, а од 2016 до 2017 бил заменик претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања.
Во 2010 бил консултант на министерот за труд и социјална политика, а претходно работи како асистент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово и Факултетот за бизнис администрација, каде одреден период бил и продекан за наставни прашања.
Доктор на правни науки со докторска дисертација: „Решавање на трговски спорови пред меѓународна трговска арбитража“, реализирана од 2011 до 2015, на Правниот факултет на Универзитет во Тирана – Албанија.

Магистрирал на Правен факултет на Универзитетот во Тетово, со просечна оценка 9,85, каде што ги завршил и додипломските студии.
Од декември во 2017 до мај 2018 година беше Заменик министер за образование и наука.
Пред неговите обврски во Министерството за образование и наука беше доцент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.
Арбер Адеми бил Заменик Претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања (2016-2017).

Членувал во повеќе комисии и работни групи за правни и законодавни работи.
Учествувал на многубројни научни конференции во земјата и во странство, и како автор потпишал голем број научни статии и публикации од сферата на правото,
меѓународно трговско арбитражно право, трговско право, облигационо право, правото на интелектуална сопственост, меѓународно приватно право, право на ЕУ, меѓународно јавно право.

Активности во Собранието: Национален совет за евроинтеграции, член Буџетски совет на Собранието,
член Комисија за европски прашања, претседател Комисија за одбрана и безбедност,
член Комисија за надворешна политика, член Комисија за финансирање и буџет,
член Комисија за образование, наука и спорт,

заменик-член Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ),
член Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија,
претседател Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија,
член Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија,
член Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска,

член Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член. Текст Извор Вики, Влада.мк и Собрание.мк.