Еве какво време не очекува денес и следните денови, дожд, грмежи, ветер, град

 Breaking News

Еве какво време не очекува денес и следните денови, дожд, грмежи, ветер, град

Еве какво време не очекува денес и следните денови, дожд, грмежи, ветер, град
August 13
07:45 2022

Времето денес ќе е Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. УВ=7.

Додека пак утре времето ќе е Променливо облачно и посвежо.

Од изутрина со повремен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. УВ=6.

До утре под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Во текот на овој период на места ќе наврнат над 40 л/м2.

Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на температурите.

Related Articles