Д-р Пановски: Ни во август нема да патуваме во ЕУ доколку бројките не се намалат

 Breaking News

Д-р Пановски: Ни во август нема да патуваме во ЕУ доколку бројките не се намалат

Д-р Пановски: Ни во август нема да патуваме во ЕУ доколку бројките не се намалат
July 13
20:43 2020

Докторот Никола Пановски во емисијата Само ви стина рече дека доколку бројките од коронавирусот не се намалат македонските граѓани ниту во август нема да можат да патуваат во ЕУ, пишува Прес24.

Тој прогноизира дека мал број новозаp aзени, како што имаше кон крајот на април кога имаше по околу 20 позитивни, може да се очекуваат дури по една година, односно во април другата година.

Ова ќе трае, но се надеваме дневниот биланс ќе продолжи да биде 100 заp aзени со 100 излечени, како што имавме деновиве. Ако ги почитуваме мерките и продолжат овие бројки како досега, мало намалување на новоза paзените може да се очекуваат во месец август, вели Пановски, пишува Прес24.

Инаку, денес Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на коронавирусот и тоа во следниве градови:

Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1.

Поч инати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.

Во ГОБ „8 септември“ поч инати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е поч ината пациентка на 76 годишна возраст.

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на поч инати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.

Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 3878, активни 1788
Куманово 862, активни 194
Дебар 151, активни 89
Штип 457, активни 178

Прилеп 301, активни 64
Тетово 871, активни 292
Струга 330, активни 171
Велес 203, активни 33

Битола 71, активни 28
Охрид 227, активни 135
Кавадарци 26, активни 18
Гостивар 230, активни 144

Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 24, активни 16
Крива Паланка 19, активни 9
Радовиш 8, активни 4

Крушево 12, активни 7
Кочани 77, активни 13
Пробиштип 37, активни 24
Демир Хисар 8, активни 7

Македонски Брод 8, активни 4
Пехчево 6, активни 1
Берово 4, активни 1
Валандово 6, активни 0

Виница 4, активни 1
Делчево 1, активни 0
Кратово 7, активни 4
Свети Николе 118, активни 111

Кичево 81, активни 69
Ресен 137, активни 77
Неготино 21, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 973 теста се преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -97, Жан Митрев (Филип Втори) –110, Систина со PCR метода -140, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-20.

Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања накоронавирусот. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на коронавирусот, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти.

На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).

Чаир – 302
Аеродром – 162
Бутел – 135
Гази Баба – 199

Центар – 138
Карпош – 145
Сарај – 118
Кисела Вода – 107

Ѓорче Петров – 113
Студеничани – 116
Шуто Оризари – 83
Арачиново – 42

Илинден – 23
Петровец – 20
Чучер Сандево – 11
Сопиште – 12

Зелениково- 15
Странец – 6
Нераспределен- 41

Related Articles