Државните административци ќе добијат отпремнина или повисока плата ако заминат во приватниот сектор

 Breaking News

Државните административци ќе добијат отпремнина или повисока плата ако заминат во приватниот сектор

Државните административци ќе добијат отпремнина или повисока плата ако заминат во приватниот сектор
September 27
17:11 2019

Вработените во јавната администрација ќе земаат поголема плата за 5 проценти, но ќе треба да испорачаат поголема ефикасност и професионалност на работните места, а месечно и работникот и работодавачот ќе имаат евиденција за сработеното.

Ова се дел од мерките во законските измени за целосна реорганизација на јавниот сектор, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вчера во вестите на Канал 5 во 15 часот.

На службениците кои не ги извршуваат ефикасно своите задачи ќе им биде понуден трансфер во приватниот сектор и поголема плата, а одлуката ќе ја носат самоволно, вели Манчевски. Приватните фирми кои ќе ги вработат овие лица ќе добијат одредени субвенции.

Според Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски, пак, новите законски измени за админситрација имаат недостатоци кои ќе треба да се корегираат. Од Синдикатот бараат промени во висината на платите, унапредувањата на вработените и диcциплинските постапки.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles