Државата ќе дава субвенции од 3000 евра и за половни возила но над Евро 5 стандард

 Breaking News

Државата ќе дава субвенции од 3000 евра и за половни возила но над Евро 5 стандард

Државата ќе дава субвенции од 3000 евра и за половни возила но над Евро 5 стандард
August 05
05:30 2019

Освен од авто салон, граѓаните може да го заменат старото возило и на авто плацовите каде се продаваат увезени половни автомобили. Но, автомобилите кои ќе ги субвенционира владата треба да бидат со најмалку ЕКО 5 стандарди, дообјасни министерот Крешник Бектеши во вчерашното интервју за Алсат.

Тоа значи дека за да ја добие оваа сума, купувачот не е обврзан да го одјави стариот автомобил и да купи нов само од прва рака.

Граѓаните не треба да мислат дека треба да купат кола од продажните салони, односно со нула километража. Исто така можат да одат да купат во салоните кои увезуваат, но треба да имаат предвид дека возилата треба да имаат еколошки стандард над Евро 5 и на тој начин ние како министерство ќе ги субвенционираме со 3.000 евра – рече Бектеши.

Според Законот за возила кој беше изгласан во Собранието минатата недела, вредноста на автомобилите кои ќе ги субвенционира државата не треба да надминува 12 илјади евра.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles