Дојде пикот: 125 нови случаи на коронавирусот, има и нови градови на листата

 Breaking News

Дојде пикот: 125 нови случаи на коронавирусот, има и нови градови на листата

Дојде пикот: 125 нови случаи на коронавирусот, има и нови градови на листата
June 10
13:17 2020

Од Министерство информираат дека во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на коронавирусот, а листата на градови е следна:

– Скопје 89 – Куманово 4 – Штип 2 – Прилеп 2 – Тетово 11 – Струга 3 – Велес 1 – Охрид 8 – Гостивар 1 – Струмица 2 – Кичево 1 – Ресен 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби поч ина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која поч инала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ по чина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип поч ина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

– Скопје 1 – Прилеп 1 – Велес 4.

Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на поч инати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

Related Articles