Доцна вечерва се огласи Филипче за докторката од Градската општа болница 8 Септември

 Breaking News

Доцна вечерва се огласи Филипче за докторката од Градската општа болница 8 Септември

Доцна вечерва се огласи Филипче за докторката од Градската општа болница 8 Септември
June 30
22:35 2020

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нап адната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување поч ина од коронавирусот.

Во случајот интервенираше полицијата која приведе неколку члена од семејството на поч инатата. Тие се обиделе насилно да го земат телото без да го спроведат соодветниот протокол за лица поч инати од ковид-19.

Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се бо рат за секој човечки живот.

Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жр тва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата.

Овие луѓе со месеци ги немаат видено своите семејства, ги немаат прегрнато своите најблиски, немаат ден одмор и оддишка од напорната работа. Најостро го осудувам овој ин цидент.

Колегите кои се борат со преку 100 пациенти сместени во болницата заслужуваат само поддршка и разбирање, а не закани.

Цврсто сум уверен дека тие постапиле професионално и согласно протоколите и ги повикувам надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно.

Related Articles