Досега 52 здравствени работници се позитивни на корона

 Breaking News

Досега 52 здравствени работници се позитивни на корона

Досега 52 здравствени работници се позитивни на корона
April 05
16:03 2020

Како што кажа и министерот, досега 52 здравствени работници се позитинвни на корона, информираше министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека насекаде во светот има медицински лица поради нивниот непосреден контакт со пациентите кој се позитивни.

За жал, од нив 34 од нив станале позиитивни во болнички, односно амбулантски услови.

Вкупната бројка изнесува 9,5 отсто од вкупниот број на позитивни во нашата земја.

Со оглед на тоа што некаде има лекари и тука е компромитирана работата, како на пример Инфективното одделение, таму веќе се во функција двајца други лекари интернисти кои што ја организираат работата. Еден е од Скопје, а другиот од Штип, рече Филипче.

За денеска, недела, 5 април 2020 година за последни 24 часа регистрирани се 72 нови на ниво на цела Македонија.

Додека пак по градови имаме два нови градови во листата, а тоа се Радовиш со 1 и Крушево со 2 случаи.

Вака изгледа новите случаи за последните 24 часа по градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Со овие нови денешни случаи, вкупната бројка на ниво на цела територија на Република Македонија изнесува 555 лица.

Related Articles