Донесен заклучок: Од понеделник на полноќ на телевизија само МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал

 Breaking News

Донесен заклучок: Од понеделник на полноќ на телевизија само МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал

Донесен заклучок: Од понеделник на полноќ на телевизија само МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал
February 27
21:44 2020

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, денеска донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март, вечерта на полноќ. Исклучок ќе бидат каналите на јавниот сервис: МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.

Како општествено одговорни компании и имајќи ја предвид сериозноста на ова прашање, операторите по средбите со државниот врв се согласија да го одложат датумот за прекин за 2 март 2020 година на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на граѓаните, соопшти попладнево Здружението.

Најавуваат дека заклучокот за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде во сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон правна сила, како што велат, спорните законски одредби кои го оневозможуваат нормалното работење на целата индустрија.

Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат oшт eтени, операторите нема да наплаќаат за ТВ услуги за периодот додека трае прекинот. Според соопштението, операторите се заинтересирани и подготвени, како и до сега, да го вложат целиот свој капацитет и знаење, во изнаоѓање на прифатливо решение во најкраток рок, со што би се избегнале натамошни шт eти за целата јавност. Целиот текст прочитајте го тука.

Related Articles