Доаѓа пикот: Нови 89 случаи со коронавирус, ова е листата на градови

 Breaking News

Доаѓа пикот: Нови 89 случаи со коронавирус, ова е листата на градови

Доаѓа пикот: Нови 89 случаи со коронавирус, ова е листата на градови
June 01
12:28 2020

Како што информираат од Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на коронавирусот и тоа во градовите: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје-2, Прилеп-12, Велес-3.

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:

Скопје – 876, активни 298 Куманово – 467, активни 55 Дебар – 51, активни 0 Штип – 103, активни 68 Прилеп –212, активни 30 Тетово – 217, активни 83.

Струга – 84, активни 13 Велес – 130, активни 27 Битола –28, активни 3 Охрид –23, активни 6 Кавадарци – 5, активни 0 Гостивар –27, активни 7 Гевгелија – 4, активни 0 Струмица – 4, активни 2 Крива Паланка- 6, активни 0.

Радовиш – 4, активни 0 Крушево – 3, активни 0 Кочани – 37, активни 6 Пробиштип – 2, активни 0 Кичево – 3, активни 1 Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Демир Хисар – 1, активни 0 Македонски Брод – 2, активни 0 Пехчево- 3, активни 0.

Делчево-1, активни 0 Валандово -2, активни 1 Виница – 3, активни 1 Кратово-2, активни 0 Берово-1, активни 0 Свети Николе-2, активни 2.

Направените 727 теста се преку: ИЈЗ –446, ЦЈЗ Скопје-53 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -117 и МАНУ -102. Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на коронавирусот.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

а Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Related Articles