Доаѓа невpeме кон Македонија: Meтeoaларм од портокалова фаза во најголемиот дел од земјава

 Breaking News

Доаѓа невpeме кон Македонија: Meтeoaларм од портокалова фаза во најголемиот дел од земјава

Доаѓа невpeме кон Македонија: Meтeoaларм од портокалова фаза во најголемиот дел од земјава
February 28
16:36 2020

Денеска од пладне ќе има врнежи од дожд во целата држава, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде на планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми.

Како што информира УХМР, ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува брзина над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.

Во текот на денот ветерот ќе биде од јужен, а во вечерните и ноќните часови од северозападен правец.

Објавен е метеоаларм од портокалова фаза како опасност од ветер во полошкиот, вардарскиот и регионот на Пелагонија. Во останатите делови од Македонија предупредувањето е од жолта фаза. Веќе од утре Македонија влегува во зелена фаза, каде следи нормално време.

Related Articles