Димитров со повик: Македонските државјани затекнати во странство да се регистрираат во најблиското ДКП

 Breaking News

Димитров со повик: Македонските државјани затекнати во странство да се регистрираат во најблиското ДКП

Димитров со повик: Македонските државјани затекнати во странство да се регистрираат во најблиското ДКП
March 18
19:52 2020

Министерот Никола Димитров напиша Итен повик на својата фејсбук страница до граѓаните кои се државјани на Македонија, а во моментов се затекнати во странство.

Димитров повикот го упатува до граѓаните кои се во странство, немаат регулиран престој и поради околностите, откажаните летови, затворени граници, немаат начин како да се вратат во татковината.

Димитров убедува дека се обидува да најде правилен начин да помогни да се вратат дома.

На пример, има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени, пишува Димитров.

Димитров додава: Затоа, ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија.

Емаил адресите на ДКПта се достапни на сајтот на МНР тука https://mfa.gov.mk/ (ако го отворате на мобилен телефон видете подолу на сајтот).

Потребни податоци:

име и презиме
број на патна исправа

kонтакт телефон
земја и град каде се наоѓате

дали имате регулиран престој во било која странска држава

Бидејќи ќе правиме пресек на состојбата за 24 часа, ве замолувам тоа да го сторите до 17 часот, четврток 19 март.

Ќе направиме се што можеме, водејќи сметка И за државниот интерес да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство И за државниот интерес да се чува 3д pавјето на нацијата дома, пишува Димитров.

Related Articles