Димитров бара разрешување на министерката Рашела Мизрахи за непочитување на Уставното име

 Breaking News

Димитров бара разрешување на министерката Рашела Мизрахи за непочитување на Уставното име

Димитров бара разрешување на министерката Рашела Мизрахи за непочитување на Уставното име
February 09
14:30 2020

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, денеска на прес конференција реагираше на, како што рече, грубото прекршување на Договорот од Преспа. Може на техничката министерка за труд и социјална работа, Рашела Мизрахи да не и се допаѓа новото уставно име, но тоа не и дава за право да не го употребува.

И мене не ми се допаѓа Скопје 2014 година па одам на работа во зградата на министерството за надворошни работи, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Тој нагласи дека непочитувањето на Договорот од Преспа е опасно за понатамошните преговори со Европската Унија.

Однесувањето на Мизрахи повлекува политичка и правна одговорност. Јас му сугерирам на претседателот на владата, Оливер Спасовски да ја разреши од функцијата технички министер за труд и социјална политика.

Прашан дали непромената на сообраќајните табли во Грција претставува непочитување на Договорот од Преспа, Димитров рече редовно до соседната земја се реагира за побрзо имплементирање на Договорот. Во продолжение видео од прес-конференцијата на министерот Димитров:

Related Articles