Детална прогноза за времето викендов, најавена промена од вторник

 Breaking News

Детална прогноза за времето викендов, најавена промена од вторник

Детална прогноза за времето викендов, најавена промена од вторник
May 23
10:15 2020

После жешкото сончево време, следува умерена облачност, според УХМР времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.

Related Articles