Детали: Катица Јанева нудела спогодба со Обвинителството

 Breaking News

Детали: Катица Јанева нудела спогодба со Обвинителството

Детали: Катица Јанева нудела спогодба со Обвинителството
October 10
06:32 2019

Катица Јанева преку своите адвокати понудила спогодба во пресрет на подигнување на oбвинението во истрагата Peкет, дознава Телма, но според изворите во истрагата, Обвинитеството ја одбило.

Рускоска потенцираше и дека од еден ocoмничен во претходната постапка имало тенденција за спогодба, но до тоа не дошло.

Рускоска кажа дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за пpетрес. Таа информираше дека има битни докази за обвинението за Pекет, кое утре ќе биде поднесено.

Обвинителката посочи и дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата за кој утре ќе има oбвинение.

За претеничката Фросина Ременски, Русковска рече дека се определени мерки на претпазливост, односно одземање на патна исрпава, забрана за напуштање на престојувалиштето и еднаш неделно да се јавува во судот.

На прашање како излегле документите од Обвинителството, таа рече одговорно тврди дека документите не се излезени од Обвинителстовто, затоа што се гледало на снимките дека се сликани копии.

Во Обвинителстовто се оригиналните документи. Копии Обвинителтвото достави до Судот на 15 јули кога се бараше предлог за притвор на двајца осомничени, потоа дел од докази кога се бараше продолжување, како и дел од доказите кога се бараше определување на мерка притвор за јавен обвинител.

И може убаво да се види дека тие документи што излегоа се од копии.Така да одговорно тврдам дека не се излезени од ЈО, рече Русковска.

Во однос на притворените за случајот Рекет, обвинителката рече дека заедно со обвинението утре ќе побара продолжување на притворите.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles