Детали за врнежите изминатите 24 часа и за времето утре

 Breaking News

Детали за врнежите изминатите 24 часа и за времето утре

Детали за врнежите изминатите 24 часа и за времето утре
May 15
20:30 2019

УХМР со детали за врнежите изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 36 Ѓуриште, 32 Виница, 28 Лазарополе, 23 Куманово, 21 Гевгелија, 20 Прилеп, 17 Битола, Маврово, 16 Дебар, 15 Д.Капија, Кр.Паланка, 14 Крушево, 12 Тополчани, 11 Тетово, 10 Охрид, 9 Скопје-Петровец, Пожаране, 8 Штип, 6 Скопје-З.Рид, 4 Претор, Струмица, 3 Берово, 2 Дојран.

Времето денес: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во западните и крајните источни делови ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, попладне со краткотраен локален дожд. T= 21 °C, P= 976 hPa, U= 66 %, V= 3 m/s.

Според УХМР времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Related Articles