Детали: Заев ја избркал косовската министерка за надворешни од канцеларијата

 Breaking News

Детали: Заев ја избркал косовската министерка за надворешни од канцеларијата

Детали: Заев ја избркал косовската министерка за надворешни од канцеларијата
October 24
20:14 2022

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев побарал од министерката за надворешни работи на Koсово, Доника Гервала да го напушти неговиот кабинет откако таа на средбата рекла дека доколку Македонија не излезе од Отворениот Балкан, ќе си има работа со неа, пишува Инфомакс. Според информациите, Заев, соочен со оваа необична ситуација, побарал од Гервала да го напушти кабинетот. „Извинете госпоѓо, но ова викање е неподносливо во мојата канцеларија, од учтивост не можам да ве изнесам, инаку не можете да зборувате на овој начин и вака“, изјавил Заев. После тоа Гервала ја напуштила канцеларијата. Текстот за тој случај претходно вчера го објавија повее албански портали без притоа да прецизираат кога точно се случило. ИзворПрес24.

Related Articles