Детали: Заев со нова мерка, времено ќе бидат одземени возила кои предизвикуваат голема бучава

 Breaking News

Детали: Заев со нова мерка, времено ќе бидат одземени возила кои предизвикуваат голема бучава

Детали: Заев со нова мерка, времено ќе бидат одземени возила кои предизвикуваат голема бучава
November 05
21:13 2019

Со измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, времено ќе бидат одземени возила кои предизвикуваат голема бучава и го нарушуваат јавниот ред и мир. – Напиша Заев на својата фејсбук страница, прочитајте повеќе во продолжение:

Владата на Република Северна Македонија денеска ја усвои информацијата за спроведената постапка за избор на најповолна понуда за воспоставување Јавно приватно партнерство (ЈПП) за формирање современа организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) и ја прифати Предлог-одлуката за избор на приватен партнер за оваа дејност со САРХЕМС ДООЕЛ Скопје, компанијата која ги задоволи условите на јавниот повик.

Најдоцна за шест месеци по потпишување на договорот за јавно-приватно партнерство, компанијата ќе стави на располагање два хеликоптера опремени за давање медицински услуги за прва помош и за пребарување и спасување бесплатно за граѓаните на Северна Македонија, кои најмногу за 15 минути треба да бидат на местото каде што треба да биде извршена интервенцијата.

Договорот за ЈПП на приватниот партнер му овозможува да си ги наплати услугите согласно неговиот бизнис модел, а за цело време на траење на договорот има обврска да плаќа надомест за стекнатото партнерство за обавување на оваа дејност во висина од 10.000 евра, во денарска противвредност во Буџетот на Република Северна Македонија.

Двата хеликоптера, хелиодромите и другата опрема за извршување на оваа дејност, согласно договорот за ЈПП, по истекот на договорот во рок од 8 години, остануваат во сопственост на Република Северна Македонија.

На оваа своја седница Владата ја усвои информацијата и ја утврди потребата од покачување на платите на вработените во Јавните научни установи (ЈНУ) во Република Северна Македонија за 25% и за исплата на минат труд, и ги задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, заедно со директорите на ЈНУ да ги усогласат правните основи за реализација на оваа одлука.

Почнувајќи со исплатата на платата за октомври 2019 година, 210 научни работници и вработени во 7 научни институти во земјата ќе добијат повисоки плати за 25 отсто.

Владата денеска донесе одлука да ѝ препорача на работната група за субвенции на инвертер клими да ја вклучи Општина Куманово на листата градови за примена на оваа мерка, или да понуди решение за поддршка на граѓаните и на локалните институции за приклучување на системот за дистрибуција на гас во општината.

Во таа насока е и препораката за наоѓање итно решение за замена на постоечкиот начин на загревање на Општата болница Куманово со можностите за греење на гас, имајќи го предвид планираното воведување на гасификација во Општа болница Куманово при изградбата на новиот ургентен хирушки центар при ОБ Куманово.

На денешната седница, Владата на РСМ усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласувањето со претходно донесениот Законот за прекршоци.

Со овие усогласувања во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните и тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Освен казнените одредби, се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства.

Од другите измени се издвојуваат продолжувањето на рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години, како и мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.

На предлог на Министерството за култура, Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за преземање итни мерки за обезбедување и заштита на споменикот на културата Аквадуктот во Скопје, и ја задолжи Управата за заштита на културното наследство како надлежна да организира соодветно обезбедување на оваа културно-историска знаменитост, како и да иницира процес за експропријација на имотите во должина Аквадуктот заради кои е попречена целосната заштита и конзерваторско-реставраторските работи на објектот.

Владата на РСМ на оваа редовна 161 седница, го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево-Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка и донесе заклучок тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 170 од Деловникот на Собранието.

Целта на Предлогот на Закон за гаранција е да се повлечат неопходните средства за да се заврши автопатската врска Кичево-Охрид за трајно решавање на утврдените проблеми при досегашното изведување на работите и да се обезбеди брз и сигурен сообраќај на овој значаен патен правец.

На денешната седница Владата ја усвои Предлог-одлуката за давање одобрение за основање на математичко-информатичка гимназија во Скопје, која ќе започне со уписи на ученици и со изведување настава со почетокот на учебната 2020/2021 година. Извор: Влада.мк

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles