Денес на Табановце: Македонци си дошле од Германија, децата позитивни, а родителите не, но ќе мораат во карантин

 Breaking News

June 21
19:59 2020

Денеска на граничниот премин Табановце, од Република Србија пристигнале македонци кои патувале од Германија за Македонија.

Две деца на возраст од 5 и една и пол година, денеска влегле преку граничниот премин Табановце во Македонија, враќајќи се од Германија, се позитивни на коронавирусот, објави САКАМДАКАЖАМ.

Децата веднаш биле однесени во адаптираната болница за Ковидпациенти во Козле, jавува СДК.

Како што дознава СДК.мк од МВР, родителите се негативни на коронавирусот, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен карантин, поради контакт со позитивните деца.

Семејството патувало со автомобил. Сите се македонски државјани. Поради правилото со законска сила дека за да влезат во Македонија мора да имаат направено тест за коронавирусот не постар од 72 часа, четворицата се тестирале во Ниш. Извор СДК.

Related Articles