Грчев на Канал5: Pушeње на Порта Македонија и куќата на Мајка Тереза

 Breaking News

Грчев на Канал5: Pушeње на Порта Македонија и куќата на Мајка Тереза

Грчев на Канал5: Pушeње на Порта Македонија и куќата на Мајка Тереза
July 31
19:40 2020

Мирослав Грчев во свој стил на Канал 5 телевизија во Само Интервју зборуваше за уpивање и дислоцирање на спомениците од проектот Скопје 2014.

Според Грчев диктаторски потег е влада да се меша во нешто што не паѓа во нејзина надлежност.

Случајот со спомен куќата Мајка Тереза, која по габарит е изградена, не е само опремена.

Првото тешко прекршување на Уставот е што споменикот е идеја од премир од влада за уредување на град. Тоа е строго забpaнето и е спротивно на основната темелна вредност.

Не може владата да се бави со нешто што е во надлежност на локална самоуправа. Тоа е диктаторски потег.

Тоа што влада дискутира за што да се прави со овој проект е истра грешка како онаа на Груевски, ова е исказ на една импотенција и од политички и од уставно-правен тип.

Владата не е надлежна да расправа за тоа. Идејата за пренамена е за мене вон памет.

Тој истакна дека е потребно pушење на Порта Македонија и Мајка Тереза, а дислокација на другите споменици.

Не е направена студија колку ричи демонтирање на тие градби и споменици, нема ни пресметка, ниту е консултиран градежен инженер.

Еден аспект е дека вакви прекршувања зрачат со незаконитост, од друга страна улиците се уништени.

Уличниот коридор е најтрајната инфраструктура. Јавните патишта овозможуваат слобода на движење.

Ако Порта чинела 7 милиони ќе се сруши за помалку од 70.000 евра.Мајка Тереза два пати помалце.

Во самите елаборати има екстензивни елаборации и за мерките.

Овде има куси упатства на форма на јавна анкета. Другите споменици или скулптури може да се дислоцираат, рече Грчев на Канал5 телевизија во Само Интервју.

Related Articles