Градоначалникот Мерко не му кревал на телефон на премиерот Заев

 Breaking News

Градоначалникот Мерко не му кревал на телефон на премиерот Заев

Градоначалникот Мерко не му кревал на телефон на премиерот Заев
July 18
21:44 2019

Писмото со кое струшкиот градоначалник се откажува од ингеренциите за урбанистичко планирање, уривање дивоградби и доделување и одземање концесии не е пристигнато до премиерот Зоран Заев, вели тој за а1он.

Премиерот вели дека за писмото слушнал само од медиумите. „Сѐ уште немам добиено такво писмо. Прочитав во медиумите“, рече Заев за а1он.

Градоначалникот Мерко не одговара на телефонските повици за да објасни дали навистина ги отстапува ингеренциите и дали испратил вакво писмо до премиерот Зоран Заев.

Повеќе портали денеска објавија дека граоначалникот Мерко го известил Заев дека се откажува од дел од ингеренциите.

Според пишувањата, во писмото се објаснувало дека Мерко ја донел оваа одлука поради тоа што добивал зakaни од поединци кои барале дозволи за градба на различни локации но не можеле да бидат дадени поради постоечкиот ДУП. Исто така писмото се поврзува и со вepбалните зakaни кон вработено лице во локалната самоуправа, а за кои денеска информираше и МВР.

Related Articles