Го прифаќаме предизвикот! Ќе работиме за 10.000 ден ок… Но дозволете ни сами да бидеме креатори на наставата

 Breaking News

Го прифаќаме предизвикот! Ќе работиме за 10.000 ден ок… Но дозволете ни сами да бидеме креатори на наставата

Го прифаќаме предизвикот! Ќе работиме за 10.000 ден ок… Но дозволете ни сами да бидеме креатори на наставата
September 02
22:13 2019

Го прифаќаме предизвикот! Ќе работиме за 10 000 ден. ок…

НО!!! Дозволете ни сами да бидеме креатори на наставата (во најширока смисла на поимот).

Ослободете нЕ од секакви непотребни баналности што не се поврзани со нашите конкретни предмети.

Дозволете ни, доколку не сте задоволни од оценката (во „живо“ и на конкретни прашања и вештини – пред вас, пред инспектор, пред претседател… или пред вонземјанин) да ја „оправдаме“ оценката што сме ја ставиле.

(Доколку ја „оправдаме“ оценката родителот плаќа „пенали“ на наставникот. Доколку не, професорот/наставникот се казнува.)

Доколку вашето „детенце“ е невоспитано и го наруши образовниот процес, родителот плаќа една наставничка плата, пропорционално зголемување со нарушување на процесот (подоцна имате право на жалба).

Доколку вашето „детенце“ направи посериозен престап во училиштето – платете десет наставнички плати (подоцна имате право на жалба).

Секое непојавување на родителот на состанок, по претходна покана од наставник, одд. раководител или стручна служба – една наставничка плата, нормално правопропорционално со покана v.s. непојавување (подоцна имате право на жалба).
Секој неоправдан изостанок 100 денари.

Секое телефонско јавување после први Мај (во врска со поправање на оценки):

а) лично – една професорска плата;
б) преку пријатели – три професорски плати;

в) преку роднини – пет професорски плати;
г) преку директор – десет професорски плати;

д) преку „моќници и шерифи“ – дваесет професорски плати.
Средствата се уплаќаат на посебна сметка и од неа наставниците ќе бидат финансирани.

п.с. Доколку за 10 години не се поместиме (драстично) нагоре, но на тестирање направено што одговара на нашите услови и на нашите можности:

(распаднати училишта, а што е тоа WC школка со вода, ладно е ама немаме парно (немаме дрва) не ни стигна цистерната, пропадна тендерот за огревните дрва, редот од кај прозорецот нека се помести кон средина да не наврнете оти дува ветер, а прозорците протекуваат… професоре/ учителе да си појдам порано оти два часа патувам до дома…

треба ли уште да набројувам во какви услови работат дел од колегите, а и дел од децата????)

тогаш не ни давајте ниту плата ниту ништо, море распнете нЕ по плоштадите, оти ете ние сме најголемиот проблем во нашево општество.

п.п.с Текстов е полн со цинизам (освен онаму каде што не е) и е одраз на целокупната состојба Свазиленд.

Постот е предизвик кој што го споделуваат наставниците на социјалните мрежи, со напомена дека не е нивни но е сосема на место.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles