Готово се знае: Првиот голем маркет на Лидл во Македонија ќе биде на оваа локација во главниот град

March 12
10:03
2023
Како што јавува порталот Фактор дека германскиот трговски синџир Лидл ја купил локацијата на Бриколаж од компанијата Скопски пазар, на која треба да се отвори првиот маркет на германската компанија.
Скопски пазар, кој котира на Македонската берза се уште не соопштил за оваа зделка, па се очекува наредните денови да се дознаат повеќе детали, како и по која цена е реализирана продажбата, бидејќи компанијата има таква обврска. За влезот на Лидл во Македонија преку бугарската ќерка фирма се зборува веќе неколку години, а според најавите трговскиот синџир треба да отвори маркети во осум градови низ Македонија.ИзворФактор.