Готово, македонска општина ќе продава скоро нова Шкода СуперБ, која била службена кола

 Breaking News

Готово, македонска општина ќе продава скоро нова Шкода СуперБ, која била службена кола

Готово, македонска општина ќе продава скоро нова Шкода СуперБ, која била службена кола
November 15
20:39 2021

Советот на Општина Струмица, на предлог на градоначалникот Костадин Костадинов, денеска едногласно донесе одлука да се продаде службеното возило наменето за градоначалникот марка „шкода суберб“ набавено пред 4 години на лизинг.

Во одговорот што Костадинов го даде пред советниците истакна дека нема да се набавува нов автомобил, туку ќе го користи сопственото возило и за него нема да бара трошоци.

Возилото ќе се продаде бидејќи не се користи и кога не се употребува цената може само да му падне.

Од таа причина нема да набавиме возило за градоначалникот и доколку се утврди потреба за набавка на возило било да се работи за службите во општината, за јавните претпријатија, тогаш размислуваме за грижа за животната средина и во иднина ќе размислуваме за набавка на електрични возила, градски, за потребите на Општината.

Средствата од продажбата на автомобилот планираме да ги употребиме за изработка на проект за младински културен центар и дел за потребите на Општината, рече градоначалникот Костадинов.

Кон крајот на минатиот месец Костадинов најави дека покрај тоа што нема да користи службено возило од општината, нема да користи и службен мобилен телефон. ИзворПрес24.

Related Articles