Готово, Заев објави: СДСМ и ДУИ одат заедно на избори, уште во прв круг меѓусебна поддршка во некои општини

 Breaking News

July 22
19:38 2021

Нова предвремена предизборна коалиција на престојните локални избори најавија Заев и Ахмети.

Си подадоа и рака Ахмети и Заев, во продолжение неговиот статус интегрално:

Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети.

Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори.

Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба.

Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг.

Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори.

Related Articles