Ако ставате гориво, чекајте до утре: Големо намалување на дизелот и бензинот од полноќ

 Breaking News

Ако ставате гориво, чекајте до утре: Големо намалување на дизелот и бензинот од полноќ

Ако ставате гориво, чекајте до утре: Големо намалување на дизелот и бензинот од полноќ
March 23
12:24 2020

Уште еден бран намалувања на цените на сите горива во државата. Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од три до пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 9,18 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 5,00 денари за литар и ќе изнесува 49,50 ден. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4,50 денари за литар и ќе се продава за 52 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 денари по литар, и ќе изнесуваат 45,50, односно 34,50 денари.

Со одлуката на РКЕ за 3,195 денари з акилограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 18,738 денари.

Related Articles