Горд Македонец, капа долу коментатору, ти си нашиот херој вечерва кој што ни ја врати гордоста

Пласманот на македонската фудбалска репрезентација на завршницата на Европското првенство предизвика бура од емоции во целата јавност.
Но, голем број пофалби и позитивни коментари добија и коментарите на спортските новинари од МТВ, Тони Стојановски и Горјан Стерјов, особено оној на крајот.
Стојановски на крајот од историскиот натпревар упати моќна порака до македонскиот народ која долго ќе се памети.
Кога нè оспоруваат: и име, и презиме, и нација, и ген… eве нè во Европа!
Меѓу сите тие што ги описменивме.
Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација.
Ќе стојат мирно на нашата химна!
Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација:
нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите!
Ова е голема победа за Македонија!
Ова е победа за радост на душата.
Да цитирам зборови од нашата поезија:
Сега душата се радува затоа што има, зошто душа да е! Оваа Македонија ќе живее!
Ќе живее уште! – кажа коментаторот, видео во продолжение: