Голем македонски град или 100.000 луѓе ќе бидат ангажирани за денот на Изборите

 Breaking News

Голем македонски град или 100.000 луѓе ќе бидат ангажирани за денот на Изборите

Голем македонски град или 100.000 луѓе ќе бидат ангажирани за денот на Изборите
May 16
07:50 2020

Оливер Дерковски, Претседателот на Државната изборна комисија, во вечерашното гостување на Алфа рече дека можеби ќе треба да се ангажираат над 100.000 луѓе за денот на изборите.

Тој истакна дека луѓето ќе треба да бидат присутни преку целиот ден на избирачките места и тие ќе треба да обезбедат услови и начин на функционирање со протоколите кои комисијата ќе треба да ги донесе.

Комисијата мора да има оптимално 45 до 50 денови за да се завршат сите дејствија, за процесот да биде крајно легитимен, и да не се доведеме до ситуација да добиеме оценка оти не сме ги спровеле изборите како што треба.

Потребни ќе бидат околу 100.000 луѓе за денот на изборите, кои треба да бидат цел ден на избирачките места за да се обезбедат услови и начин на функционирање со Протоколите кои комисијата ќе треба да ги донесе – истакна Оливер Дерковски.

Првиот човек на Државната изборна комисија Оливер Дерковски објаснува дека има многу нејаснотии во организирањето на овие избори.

Според него, треба да се обезбедат дезинфициони средства, маски а тоа ќе чини многу. Згора на тоа никој од Владата не ги прашал дали им се потребни дополнителни средства.

Неговата проценка е дека околу 100.000 луѓе ќе бидат потребни за изборниот ден. Ќе се појават многу дополнителни трошоци за да се спроведат изборите.

Пенкалата што ги најави Заев за пет денари ние ги набавуваме за 3.5 денари. Ние не сакаме да бидеме виновници доколку има заб олени на изборите, бидејќи во таква ситуација сите ќе се тргнат-вели Дерковски.

Според него, за целосна подготовка на изборите ќе бидат потребни околу 50 дена по завршувањето на вонредната состојба.

Related Articles