Ги чувал Св.Ѓорѓи: Нема нови случаи во Струга од коронавирус во новите 20 случаи денеска

 Breaking News

Ги чувал Св.Ѓорѓи: Нема нови случаи во Струга од коронавирус во новите 20 случаи денеска

Ги чувал Св.Ѓорѓи: Нема нови случаи во Струга од коронавирус во новите 20 случаи денеска
May 23
20:14 2020

Поминаа веќе повеќе од две недели по одржувањето на Ѓурѓовденска литија во градот Струга, каде што сеуште нема нови случаи со коронавирус иако се креваше и сеуште се крева многу фама. Во охридскиот Центар за јавно здравје не е регистриран нити еден заболен кој бил дел од свечената процесија.

Дали се одржа социјална дистанца на литијата, според овие две фотографии направени од 2сстудио можеби и имало во тие моменти кога требало, а можеби и топлото време помогнало околу тоа.

Денеска од Министерството за здравство информираат дека Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на коронавирус и тоа во градовите: Скопје-16, Куманово2 и Прилеп-2.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-4, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и Битола-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 701, активни 189
Куманово – 425, активни 26
Дебар – 51, активни 0
Штип-38, активни 3
Прилеп –208, активни 53

Тетово – 165, активни 70
Струга – 71, активни 4
Велес – 127, активни 45
Битола –28, активни 7
Охрид –21, активни 6

Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –21, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка- 6, активни 1

Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 0
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0

Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 1
Делчево-1, активни 0

Валандово -1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово-2, активни 1
Берово-1, активни 1
Свети Николе-1, активни 1

Направените 744 теста се преку: ИЈЗ –462, Ветеринарен ф-тет -28, Авицена –38, Биотек -37, Филип Втори (Жан Митрев) –38, Систина со PCR метода 22- и МАНУ -119. Досега во земјата се направени вкупно 24762 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. Досега со скринингот направени се 2060 тестирања на ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Related Articles