Геро не застанува: Како Трајанка одбила да им даде општински пари на Коки, Кики и компанија

 Breaking News

Геро не застанува: Како Трајанка одбила да им даде општински пари на Коки, Кики и компанија

Геро не застанува: Како Трајанка одбила да им даде општински пари на Коки, Кики и компанија
June 12
09:35 2019

Приказна за уште еден неуспешен обид на рекетарската група, овој пат да брцнат во општинска каса – биле измарширани и упатени својот „проект“ да го продадат во Струмица! – вака Бранко Героски ја започнува својата колумна.

Mојата неверојатна и тажна приказна за тоа како еден наш мал хотелиер бил притиснат да „поддржи“ еден наш познат медиум, но поради сплет на околности, кои можеле да завршат и трагично, човекот сепак се спасил од рекетарската багра, предизвика бурни реакции.

Очекувано. Цело Скопје бруи за оваа рекетарска група, а се спомнуваат и конкретни имиња на луѓе кои на овој или оној начин, биле принудени да платат вртоглави суми, за да си го сочуваат мирот.

Платиле, ама што добиле за возврат, тоа не знаат ни самите.

Се разбира, ми беше јасно дека после приказната ќе уследат жестоки атаци врз мене, со безобѕирни лаги и клевети.

Напишани се неколку штапски текстови и објавени се во еден наш парапортал, што го води класичен психијатриски случај.

Штабот сфатил дека нема нормален новинар во Македонија што би објавил такви будалштини, без да размисли дека може да се соочи со тужби, па правилно проценил дека ако нема нормален, мора да се најде – ненормален.

Ненормалниот е најден, но работата не е завршена.

Затоа што сега, во продолжение, ќе прочитате уште една приказна, за уште еден „подвиг“ на истата рекетарската група, предводена од Коки, Кики и компанија – тоа се имињата со кои ги именував вистинските личности, за да избегнам непотребни непријатности, оставајќи го препознавањето на одговорност на актерите и на вас, читателите.

Напоменувам овде дека такви приказни има многу, бидејќи сѐ повеќе жртви на рекетот горат од желба да се одмаздат за штетата што им е направена, па веќе и гласно говорат што им се случило.

Не е мое да одлучувам дали тие приказни се вистинити до најситните детаљи – тоа е, или еден ден ќе биде, работа на истражните органи. Мое е да раскажувам.

И така… По првичните успеси во обидите некои наши бизнисмени и парајлии со уцени да се принудат да го поддржат медумот на газда Коки, во име на заедничката „кауза“, нели, која ја претставува партискиот функционер Кики (има тука уште еден функционер, чие име засега ќе го држам во тајност), групата објективно се соочува со криза.

Нема многу луѓе спремни да разговараат со човек кој „не разговара за сума помала од двесте илјада евра“, или, како што често велел на маса, за помали суми се разговарало со неговата „асистентка“.

Никогаш не разбрав која е таа, ако воопшто постои. Целата колумна и целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles