Герасимовски за најавеното ново невpeме: 3атворете ги прозорците и не се движете надвор додека трае невpeмето

 Breaking News

Герасимовски за најавеното ново невpeме: 3атворете ги прозорците и не се движете надвор додека трае невpeмето

Герасимовски за најавеното ново невpeме: 3атворете ги прозорците и не се движете надвор додека трае невpeмето
August 31
20:26 2022

Службите од Општина Центар изминатото деноноќие се на терен, ги расчистуваат паднатите дрвја и гранки и на одредени локации ги санираат штетите настанати од вчерашното невреме кое го зафати Скопје, информираат од општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски, веднаш по невремето излезе на терен и заедно со службите, вршеше увид и помагаше при расчистувањето.

Утринава имавме состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување.

Во контакт и координација сме и со останатите надлежни институции и ги преземаме сите мерки за расчистување на паднатите дрвја, гранки и покриви.

Во текот на денот ќе се врши и проценка на штетите од поплавите кои зафатија дел од општинските градинки и училишта и работиме на нормализирање на состојбата,

изјави Герасимовски, по завршувањето на состанокот на штабот.

До општината вчера пристигнале многу пријави за оштетени возила, живеалишта, деловни простори,

проблеми со шахтите и сливниците и сите тие се проследени до надлежните сектори или институции за натамошно постапување.

Упатувам апел до граѓаните да бидат претпазливи и да внимаваат во периоди на поројни дождови.

Избегнувајте движење надвор додека трае невремето, затворете ги прозорците и доколку во вашиот објект протекува, соодветно обезбедете го, додаде Герасимовски.

УХМР и за денеска издаде предупредување за попладневните часови.

Во Скопје денеска ќе преовладува променливо облачно, попладне нестабилно време со пороен дожд,

грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, гласи предупредувањето од УХМР.

Related Articles