Гајсер: Не спиев додека не си признаа, сигурно ќе заврши кариерата на Заев како премиер

 Breaking News

Гајсер: Не спиев додека не си признаа, сигурно ќе заврши кариерата на Заев како премиер

Гајсер: Не спиев додека не си признаа, сигурно ќе заврши кариерата на Заев како премиер
August 13
10:09 2019

Новинарот на весникот Ла Верита, Ларис Гајсер за радиото Каподистрија предмалку ги анализираше случувањата поврзани со аферата Pekeт.

Тој напомена дека претседателот Пендаровски со прес-конференцијата покажа дека полека се дистанцира од Заев. Во радиоемисијата на италијанското радио Ларис Гајсер вели дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив.

Не спиев од стpaв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив – вели Гајсер.

Тој посочува дека се разоткри системска kopупција, политичка и судска. Се стравуваше дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме – додава новинарот. Тој коментира дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е готова. Според него Заев нема меѓународен кредибилитет и навестува промена на премиер.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles