Гајсер: Македонија го смени името како подарок за Грција

 Breaking News

Гајсер: Македонија го смени името како подарок за Грција

Гајсер: Македонија го смени името како подарок за Грција
August 13
23:11 2019

Во интервју за италијанското радио „Каподистрија“, Ларис Гајсер од порталот „Ла Верита“, прави анализа на случувањата и на реакциите од народната и политичка јавност во Македонија, но и од странските амбасади и ЕУ.

Тој во разговор за радиото кажа дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив.

„Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив“, вели Гајсер.

Тој кажа дека се разоткрила системска корупција, и политичка и судска, а аудио разговорите јавно ги објавиле зашто се стравувало дека ќе исчезнат доказите, prenesuva MKD.mk.

Според Gajser, „претседателот Пендаровски вчера со прес-конференцијата покажал дека полека се дистанцира од Заев.

„Македонија го смени името како подарок за Грција. По овој скандал, сигурен сум дека Заев ќе ја заврши кариерата на премиер. Заев нема меѓународен кредибилитет“, рече Гајсер.

На прашањето дали се познава со поранешниот премиер Никола Груевски, тој „призна дека имал контакт со луѓе на Груевски од минатото, но дека лично не го познава ниту него, ниту Виктор Орбан“.

Гајсер уште изнесе информација дека српскиот претседател Александар Вучиќ „го преупредил Заев дека му се подготвува сценарио“.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles