Вучиќ воведува нови мерки: Ако не дадат резултати ќе го затвориме Белград

 Breaking News

Вучиќ воведува нови мерки: Ако не дадат резултати ќе го затвориме Белград

Вучиќ воведува нови мерки: Ако не дадат резултати ќе го затвориме Белград
July 03
07:35 2020

Претседателот на Република Србија, господинот Александар Вучиќ најави дека две недели ноќните клубови и сплавови ќе се затвораат од 23:00 до 06:00 часот, но истото ќе важи и за кафулињата и студентстките клубови.

Би сакал да имаме поповолна ситуација, но најголем проблем е Белград. 82,5 отсто од заразените се во Белград, вели Вучиќ.

Тој објасни дека во српската престолнина живее 22 отсто од населението и оти Белград е ново жариште.

Најавено е затворање и на студентските домови. Меѓутоа, белградските медиуми пишуваат дека откако Вучиќ разговарал со студентите, таа одлука е повлечена.

За студентите кои нема да ги почитуваат мерките следува казна меѓу 5.000 и 6.000 динари (2.600 – 3.100 денари).

Во затворен простор ќе биде дозволено собирање до 100 луѓе, а на отворено до 500.

Тие мерки кои стапуваат во сила од утре, а ако не дадат резултати и не биде доволно ќе одиме понатаму.

Да можев да одлучев сам би го затворил Белград и би вовел полициски час, истакна Вучиќ, додавајќи дека ако мерките не дадат резултати во следните четири дена српскиот главен град ќе биде затворен.

Related Articles