Времето уште денес сончево и топло со ветер, а од утре очекувајте дожд и снег на повисоките места

 Breaking News

Времето уште денес сончево и топло со ветер, а од утре очекувајте дожд и снег на повисоките места

Времето уште денес сончево и топло со ветер, а од утре очекувајте дожд и снег на повисоките места
February 26
09:01 2020

Денес времето ќе е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува над 70 км/час. Во вечерните часови ќе настапи наоблачување, со локален дожд во западните делови.

Времето утре ќе е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.

Наредните три дена, времето ќе е облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Во петок ќе е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец, а сабота сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утре ќе преовладува топло време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува над 70 км/час. Во четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура значително ќе се намали.

Related Articles