Во Хрватска се бараат работници, платата е и преку 1.000 евра месечно

 Breaking News

Во Хрватска се бараат работници, платата е и преку 1.000 евра месечно

Во Хрватска се бараат работници, платата е и преку 1.000 евра месечно
June 09
06:01 2019

Македонците, млади и повозрасни не го губат интересот за работа во странство, особено за сезонска од неколку месеци во земјите од регионот и во Европа. Според агенцијата „Коузон“ најатрактивна е Хрватска во овој период на летна сезонска работа во угостителството.

Како што објаснува менаџерот во Агенцијата, Ирена Петреска, Хрватска е атрактивна поради поволните услови и платата што ја нудат рботодавците.

Поволната плата почнувајќи од 600 се до над 1000 евра за работа во угостителството ја прави Хрватска атрактивна овој период за сезонска работа за младите и повозрасните Македонци.

Хрватските работодавци според договорот, нудат работа за сите кои не се од земјите во ЕУ, меѓу кои е и Македонија.

Тие нудат и работни дозволи, бесплатно сместување и храна, солидни плати и комплетни услови, особено со платен превоз назад за ангажираните работници.

Лани се одеше во Бугарија, но годинава, дефинитивно е атрактивна Хрватска за сезонска работа од три и повеќе месеци, објаснува Петреска.

За работа се бараат и многу искусни и работници со занимање, атрактивни за оние на возраст од преку 30 години.

Не ретко за работа во хотелиерството и во угостителството овој период во Хрватска се бараат оние со над 30 години возраст, па се до 50-ина години, кои се сметаат за искусни, луѓе со занимање и стабилност, вели Петреска.

За студентите овој период за работа во странство остануват Германија, Малта и европските земји. Се уште не стивнува интересот за работа на брод, но работодавците сега имаат повисоки критериуми.

Ексклузивно е што во последно време се бараат пожарникари. – За работа на брод се подигнати критериумите на работодавците и тоа е препорака за младите да имаат одредени познавања, занимања, искуство, и многу е битно, домашно воспитување и кредибилитет.

Необично е што во псоледно време се бараат пожарникари на прекуокеанските бродови кои, додека се обновува бродот, се грижат за заштита од пожари и други опасности.

Тие работат интензивно 20-ина дена, па се враќаат и повторно се ангажираат по потреба. Тоа е добредојдено за сите да се зголеми домашниот буџет, смета Петреска.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles