Во Македонија доаѓа топол бран, метеоролозите со убави вести, температури над просекот за овој период во годината

 Breaking News

Во Македонија доаѓа топол бран, метеоролозите со убави вести, температури над просекот за овој период во годината

Во Македонија доаѓа топол бран, метеоролозите со убави вести, температури над просекот за овој период во годината
October 11
07:18 2019

Југозападните предели од Европскиот Континент односно Шпанија е зафатена од невообичаено топол бран и тоа од северните предели на Африка и истиот ќе донесе температури дури и над 30 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Истиот ваков бран во текот на следните денови ќе пристигне и кај нас, но со помал интензитет, но сепак ќе донесе невообичаено високи температури на воздухот кои речиси насекаде ќе се искачуваат над 20 степени. Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 30 степени.

Со ова температурите на воздухот кај нас влегуваат во оние вредности кој ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу десет степени, а поради Сахарската прашина и песок времето ќе биде релативно мачно и спарно и тоа особено за метеопатите.

Ова е сепак нормална појава за нашиот дел од Европа во овој дел од годината и знае да се појави често поради тоа што сме на директен удар на топлите бранови од јужните географски широчини, односно од северните предели на Африка. Од утре следува период на претежно сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles