Во автобусите на ЈСП билет за едно возење од 1 ноември

 Breaking News

Во автобусите на ЈСП билет за едно возење од 1 ноември

Во автобусите на ЈСП билет за едно возење од 1 ноември
September 25
21:49 2019

Шилегов нагласи дека набавката на новите 33 екоавтобуси во Скопје е добра за главниот град и за неговите жители, а не за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или другите политички партии.

Согласно договорот што го имаме со Македонски телеком на 1 ноември 2019 треба да стартува употребата на картичката Скопска за единечно возење.

Сега се работи тест период кој ќе изнесува 30 дена. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан дали е можна промена на цената на билетот, откако ќе стигнат новите автобуси, Шилегов рече дека цената на билетот во Скопје сега е ниска и соодветна на економската моќ на нашите граѓани.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles