Владимир Милчин: Груевски и Мицкоски биле на иста средба со Орбан

 Breaking News

Владимир Милчин: Груевски и Мицкоски биле на иста средба со Орбан

Владимир Милчин: Груевски и Мицкоски биле на иста средба со Орбан
July 26
20:28 2022

Владимир Милчин, режисер, во вечерашното гостување во вестите на ТВ Сител изјави дека во Будимпешта, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,

Христијан Мицкоски остварил средба со Виктор Орбан, на истата присуствувал и поранешниот лидер на опозициската парта, Никола Груевски.

Во Будимпешта кај Орбан се и сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот лидер на партијата (Никола Груевски).

Мислам биле на иста средба, инаку не ми е јасно зошто би отишол Мицкоски таму.

Истовремено кога Орбан вели дека Македонија е оштетена, еврокомесарот Вархеји кој е човек на Орбан, удира по опозицијата дека претерала.

Ова е лукавост? Некој се мајтапи со нас?

прашува Милчин во вестите на Тв Сител.

Коментирајќи го односот на опозициските партии за време на расправата во Собранието околу информацијата од Министерството за надворешни работи,

за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ,

претставена од Француското претседателство со Европската Унија, истакна дека опозициските блокови ги изма миле граѓаните.

Не можам да прифатам ситуација во која во Собрание се вика и се свирка против нешто, а после тоа не се гласа.

Тоа ме загрижува.

Не беше различен мојот став и ставот на опозицијата, меѓутоа тие едноставно направија из м ама.

Ги изма мија граѓаните.

Кој можеше да претпостави дека таква ситуација во Собрание, толку гласно ќе протестираат, за потоа да дојде до молк и отсуство, изјави режисерот Милчин. ИзворПрес24.

Related Articles